ЖивотУбави совети

Салата која заменува оброк!

Знаете дека салата ја сметаме за идеален оброк, кога температурите се вака високи и кога тешката храна не ни одговара.

Денес ви подготвивме рецепт за салата, која може да биде идеален појадок и ќе ви овозможи доволно сила да го започнете денот! Салата со вкус на Медитеранот, кој веднаш ќе не потсети на мирисот на море и одмор.

Потребни состојки:

100гр тестенини
Лажица маслиново масло
Лажица мешавина од медитерански зачини
10 маслинки
Фета сирење
Неколку руколи

Подготовка:
Сварете ги тестенините, во меѓувреме измешајте го маслиново масло со медитеранските зачини и сецканите маслинки. Исцедете ги тестенините и додајте ги маслинките и маслото во нив. Потоа посипете ги со рукола и парчиња фета сирење.

Уживајте во вкусот на Медитеранот! Пријатно!

Поврзани статии

Back to top button