ЖивотУбави совети

Со малку труд до совршена секојдневна фризура!

Како што веќе знаете, денешните модни трендови во однос на косата се залагаат за поприроден изглед на косата. Што значи помалку време поминато во исправување, извиткување и секоја друга стилизација. Косата треба да изгледа секојдневно, како да сте “само” засушиле и сте ја напуштле куќата, но од друга страна и тоа секојдневно бушаво треба да биде средено.

Но, ајде да бидеме искрени, косата сака малку стилизација за да изгледа опуштено, иако тоа е само сушење. Во зависност од видот на косата ние ви предлагаме како да постигнете секојдневна средена фрзура.

Права коса

Ако имате права коса и сакате да се постигне бушав изглед, потребно е по миењето на косата на нејзината врвови да ставите средтство за волумен, и да ја исчешлате. Потоа направете си две лабави плетенки и оставете ја косата да се исуши. Кога косата е сува, отплетете ги плетенките и ќе добиете брановидна фризура.

Виткана коса

Ако имате виткана коса и н е знаете како да добиете оформени локни без многу труд наш совет е во текот на миењето на косата да ставите малку регенератор, потоа да ја исчешлате косата со чешел па да ја исплакнете. Исцедете го вишокот вода и ставете препарат за виткање на коса кој не се плакне. Со тоа ќе добиете изглед на влажна коса а уредни локни.

Брановидна коса

Што и да правите немојте да ги уништите брановите. Апсолутен моден хит се оваа сезона. Ви препорачуваме да не ја држите завиткана во пешкир, и да не ја триете бидејќи така ќе ја изгубите формата. Не ја доирајте косата, само на врвовите ставете масло хранливо и блескајте!

Поврзани статии

Back to top button