ЖивотУбави совети

Дали семејството влијае врз изборот на партнерот?

Дали понекогаш помислувате дека не знаете од каде потекнуваат вашите реакции и ставови? Можете да го најдете одговорот во детството. Вкоренетите семејни вредности од вашите родители одат толку далеку што може да влијаат врз изборот на вашиот партнер, и на вашето однесување во врската.

Семејните терапевти велат дека жените го избираат партнерот така што делумно ќе личи на нивниот татко. Ако татко бил глава на домот во вашето семејство, веројатно е вие да сакате “силни” мажи. Ако сте одбрале маж со меко срце како на вашиот татко најверојатно со тек на времето ќе почнете вие да се однесувате како столб на семејството, како вашата мајка.

Ако сте од детството научени да им помагате и да им ги решавате проблемите на сите членови во семејството, веројатно тоа ќе продолжи и понатаму во вашиот живот. Таквите жени обично бараат мажи кои имаат потреба од помош во решавањето на какви било проблеми.

И вашата отвореност кон јавноста, како и износот на интимност што ја делите со некој близок имаат корени од минатото. Ако имате родители кои никогаш не си разменувале нежност пред вас, не се држеле за рака или не се гушкале, може да ви биде многу непријатно кога вашиот партнер ќе ве бакне пред пријателите или пред семејството.

Поврзани статии

Back to top button