МодаУбави совети
Плетени маски за лице – дали би носеле ваква?
Исландската уметница и студентка на Инстаграм позната како Ýrúrarí знае како да плете поголем дел од својот живот и токму тоа и помогна да се справи со стресот што го носи пандемијата на коронавирусот. Имено, оваа млада уметница комбинираше убаво, корисно и креативно кога започна да плете маски за лице со уникатен изглед. Младата уметница спаѓа во онаа група на луѓе кои беа охрабрени од новата ситуација на планетата Земја да го претворат својот страв, неизвесност и извонреден начин на живот во креативен проект.