ЖивотУбави совети

Дали знаете кои овошки содржат најмногу шеќер: Ќе се изненадите

Можеби нема додаден шеќер во овошјето, но дали знаете колку „шеќер“ всушност внесувате кога го јадете овошјето?

Природниот шеќер (како фруктозата) е секако подобар од вештачкиот шеќер, но веројатно не знаете точно колку шеќер консумирате со секое смути или овошна салата.

Во продолжение дознајте кои овошни намирници содржат многу висока содржина на шеќер.

Смоква
Смоквите изгледаат како луксузно овошје со причина – една шолја свежи смокви содржи иста количина шеќер како една чоколадна лента. Но, за разлика од слатките, смоквите се богати и со влакна и калиум.

Манго
Мангото е егзотично и не многу евтино овошје, а една шолја манго содржи околу 23 грама шеќер. Но, истото количество манго ќе ви обезбеди една третина од дневната потреба на вашето тело за витамин А и на тој начин ќе помогне во одржувањето на здравјето на вашите очи.

Цреши
Една шолја цреши содржи 18 грама шеќер, па не е чудно што често ги јадеме црешите како да се слатко. Но, добрата вест е дека црешите можат да ви помогнат да спиете подобро.

Грозје
Една шолја црно како и бело грозје содржи околу 15 грама шеќер, многу влакна, а црното грозје е исто така богато со различни антиоксиданси.

Поврзани статии

Back to top button