Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Филмот кој го одбравме за денес е емотивна драма која нема да ве остави рамнодушни.
Филмот ја следи приказната за еден интровертен архитект кој ќе остане вдовец, откако неговата сакана сопруга ќе загине во сообраќајна несреќа. Тој се одлучува да и помогне на една чудна и бездомна тинејџерка која се обидува да изгради сплав за да плови по Атлантикот…
Филм полн со приказни, емоции и судбини… Филмот е во режија на Бил Парпл, а главните улоги ги толкуваат Џејсон Судекис, Мејси Вилијамс и Џесика Бил.