Убави книги и филмови

Топер подарува фасцинантен психолошки трилер

Во соработка со Топер на еден наш читател или читателка ќе ја доделиме книгата “Девојката без минато”. 

Девојката без минато (Катрин Крофт) Дваесет години бегаше од минатото. Денес тоа ја стигна. Фасцинантен психолошки трилер за обожавателите на Ејми ја нема и Девојката од возот.
Леа Милс живее живот на бегалец – криејќи се од сенките на своето минато. Без пријатели и момче – копнеејќи по друштво – го запознава Џулијан. За првпат, по долго време, почнува да верува дека е возможно да има нормален живот.
Но, тогаш, на дваесетгодишнината од денот што ѝ го промени текот на животот, добива писмо. Некој ја знае вистината за тоа што се случи тој ден. Некој што нема да запре сѐ додека не го уништи и тоа што остана од животот на Леа.
Но, дали Леа е жртвата во оваа приказна? Или заслужува сѐ што ѝ се случува?
Секој има тајни. Но, некои тајни може да бидат фатални…

Поврзани статии

Back to top button