ЖивотУбави совети
Тарт со компири кој ќе биде готов за 30 минути
Имаме супер идеја: направете вкусен оброк за само половина час кој изгледа како да сте го правеле со часови и кој ќе го правите често!
Потребни ви се следниве состојки: 275 гр. готово лиснато тесто, 150 гр. павлака, малку лук во прав, 150 гр. рендани компири, 40 гр рендано тврдо сирење, малку сол, црна бибер, нане, путер и едно јајце.
Лиснатото тесто ставете го во плех за печење кој претходно ќе го намачкате со малку путер. Избодете го со вилушка. Павлаката измешјате ја со лукот, солта, биберот, нането и изматено јајце, па ставете ја оваа смеса врз тестото. Одозгора ставете ги компирите и сирењето и ставете да се печи во загреана рерна на 220 степени.