ЖивотУбави совети

Овие работи ги полудуваат мажите, а жените постојано ги прават…

Долго време постои мислењето дека мажите се од Марс, а жените од Венера, поради тоа што имаат толку многу несогласувања во размислувањето, недоразбирања и расправии. Мажите им замеруваат на жените за многу работи. Во продолжение дел од работите кои жените никогаш нема да престанат да ги прават, а мажите секогаш ќе ги излудуваат и нервираат. Мажите велат вака:

Постојано купуваат нови алишта, чанти, чевли и некои непотребни ситници и постојано се жалат како немаат што да облечат. Затоа што имаат 6 различни гелови за капење, 4 различни млека за тело, 3 креми за лице кои воопшто не ги користат, куп козметика која ја купуваат непотребно. Затоа што чантата за на работа им е поголема од торба за рачен багаж. Постојано се прашуваме што се и кои се тие толку многу на број работи кои нив им се секојдневно неопходни и мора да ги носат на рамо. Затоа што нанесуваат трајна шминка и ги тетовираат веѓите. Затоа што сите мора да ги надоградуваат ноктите и косата. Затоа што повеќето девојки кога се излезени мора во тоалетот да одат со пријателката наместо сами. Затоа што се постојано на диета. Затоа што се шминкат час и половина и нанесуваат сто слоеви на пудра дури и кога не излегуваат од дома. Затоа што озборуваат. Затоа што постојано планираат и ни дишат во врат. Затоа што велат “не ми е ништо” а им е сешто и тоа како. Затоа што им приговараат на мажите кога играат фудбал, гледаат утакмици или пијат некоја чашка ракија плус. Затоа што на секој одговор имаат ново прашање и нова мистерија за откривање. Затоа што секоја ситница ја анализираат и до максимум посветуваат внимание на неважни работи.

Ова се само дел од работите кои мажите едногласно ги кажуваат на прашањето што ги излудува кај жените. И има вистина во се ова, нели?!

 

 

Поврзани статии

Back to top button