ЖивотУбави совети

Јаглехидратите го зголемуваат ризикот од карцином!

Истражувањето на научниците од Хардвард, спроведено во Мексико, покажува дека исхраната богата со јаглехидрати го удвојува ризикот од појава на рак на дојката. Досегашните истражувања покажале дека високото ниво на маснотии во исхраната го зголемува ризикот од заболување на рак на дојката.

Во истражувањето во кое учествувале 1.866 жени било утврдено дека жените кај кои најмалку 57% од внесените калории отпаѓаат на јаглехидрати, имаат 2,2 пари поголеми шанси да заболат од рак на дојката отколку жените со урамнотежена исхрана.

Научниците претпоставуваат дека причината за поврзаноста меѓу внесот на јаглехидрати и ризикот од заболување од рак на дојката лежи во зголеменото ниво на инсулин, кое може да влијае на почетокот на процесот на делба на клетките. Исулинот може да придонесе и за зголемување на нивото на хормонот естроген во крвта, кој е познат фактор на ризик за рак на дојката кај жените што се уште не влегле во менопауза. Поврзаноста меѓу внесот на јаглехидрати и рак на дојката била присутна и откако истражувачите ги зеле предвид другите фактори на ризик, како што се индексот на телесната тежина, социоекономскиот статус, времето на првото породување, бројот на деца и случаите на рак на дојка во фамилијата.

Поврзани статии

Back to top button