Што треба да поседува секоја умна жена?!
Меѓу карактеристиките кои генерално се сметаат за негативни, постои една што секоја жена треба да ја има. Уште како мали нас не учеа дека себичноста е лоша работа. Себичното однесување се смета за негативно а некогаш и за неморално. Сепак, се повеќе и повеќе експерти предупредуваат дека треба да го редефинираме поимот за себичност, бидејќи во некои ситуации тоа е клучот за нашата благосостојба.
Така себичноста се повеќе се дели на лоша, добра и неутрална.
Лошата себичност е еден вид себично однесување кое има лошо влијание врз себе си и врз другите луѓе. Добрата себичност ќе резултира со поволен исход за вас и другите луѓе, додека неутралната себичност се карактеризира само со грижа кон себе без да влијае на другите. Зошто толку често слушаме дека имаме само два избори? Да се биде себичен (што се смета за лошо) или да се биде несебичен и да ги ставите другите луѓе пред вас (што се смета за добро)? Секогаш ќе има луѓе кои имаат потреба од помош, секое однесување што е наменето исклучиво за своето добро, го одзема времето што може да го користиме за да им помагнеме на другите.
Меѓутоа, ако не се грижите прво за себе, за вашето психичко и физичко здравје како би можеле да им помогнете на другите? Затоа постојат тие неутрални себични ситуации во кои ниту им помагате, ниту им одмагате на другите луѓе. За разлика од мажите кои речиси секогаш се ставаат себе си на прво место, жените најпрво ќе размислуваат за друг отколку за себе. Затоа себичноста е “мана” која треба да ја има секоја жена. Поточно, треба да научат дека нивната физичка и психолошка благосостојба секогаш треба да им биде на прво место. Ова ќе ги направи позадоволни, ќе водат подобар живот и на крајот ќе имаат поголема сила да се справат со сите обврски и грижата за своите сакани.