ЖивотУбави совети

Овој знак го чекаат ОГРОМНИ промени во 2022 година

Треба да се знае…

Со почетокот на новата година доаѓаат разни предвидувања во однос на хороскопот, а за секој од 12-те знаци се очекува да донесе нешто поинакво. За 2022 година се издвојува еден знак бидејќи од него се очекуваат големи трансформации и промени.

Тоа е Скорпија, а на родените во овој знак астролозите им советуваат за годината што претстои да се ослободат од она што ги спречува да напредуваат, без разлика дали тоа е нешто физичко или метафорично. Можеби тоа се стари работи кои повеќе ви прават хаос отколку добро, а можеби и некои постапки и искуства кои ве вознемируваа порано, а сега сте друга личност.

Ова е важно во контекст на јужниот лунарен јазол, кој поминува низ важен знак помеѓу 18 јануари оваа година и 17 јули следната година. За да ги прифатите промените што ве очекуваат и да постигнете рамнотежа, тој стар дел од вас мора да си замине. Можеби ќе бидете во искушение да се повлечете во вашиот кожурец за да спречите промени, но ќе ви биде тешко да го сторите тоа поради други причини.

Имено, Јупитер моментално е во Риби до 10 мај и повторно ќе биде од 28 октомври до 20 декември, а ова е вашата петта куќа на креативноста, страста, драмата и вниманието. Затоа, очекувајте да бидете во центарот на вниманието на работа, размислете за уметничките проекти што ги оставивте за иднината, но и подгответе се за романса. А вистинско време за нови, здрави навики е периодот од 19 мај до 28 октомври, кога Јуптер доаѓа во вашата шеста здравствена куќа.

Поврзани статии

Back to top button