Рецепт за посни проја мафини: Вкусен оброк за деновите што претстојат
Започна големиот божиќен пост и за сите оние кои постат ви носиме рецепт за брз оброк кој ќе можете да го подготвите кога сакате. Веројатно веќе сте направиле проја мафини со сирење и јогурт, но доколку не сте знаеле, можете да ги подготвите во посна варијанта, а треба да бидат подеднакво меки и да имаат добар вкус.
Најдобро е да ги измерите сите состојки што ви се потребни со чаша со иста големина.
Состојки:
3 чаши вода
1 шолја масло
3 чаши бело брашно
3 чаши пченкарно брашно
2 лажички сол
1 прашок за пециво
кора од лимон
Подготовка:
Во подлабок сад се ставаат водата и маслото, се додава белото брашно, пченкарното брашно, солта, прашокот за печиво, ренданата кора од лимон и се се меша. Не треба да користите миксер. Истурете ја смесата во калап за мафини. Доколку е метален, намачкајте го со масло и посипете го со брашно или ставете хартиени корпи. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете 30 минути. Послужете ги топли.