ЖивотУбави совети

Дали сте им опција или приоритет на луѓето околу вас?

Најтешката лекција која треба да се научи во животот е дека сите луѓе не се искрени и не ни го посакуваат и мислат она што и ние на нив. Прави добро најди лошо, не за џабе рекле. Треба да се научи да се разграничи и препознае кому сме приоритет а кому само опција. Постојано ги фаќате како ве лажат за неважни работи. Секогаш канат други луѓе на големи случувања и прослави. Никогаш не се сеќаваат што сте им зборувале за вас и вашиот живот. Многу планови се во последен момент. Со изговори го оправдуваат своето некоректно однесување. Кога имаат друштво не ви креваат ниту слушалка. Многу често се чувствувате несреќно. Потребни им се саати или денови за да ви одговорат на порака. Избегнувате да правите планови со други бидејќи чекате они да ви се јават. Во односите го вложувате целиот труд.

Веројатно, Вие ги правите сите планови. Вие се трудите, а ако сте ги приметиле горенаведените работи значи градите односи со луѓе на кои вие не сте им приоритет, иако тие на вам ви се.

Поврзани статии

Back to top button