ЖивотУбави совети

Температурните промени донесоа мноштво проблеми кај дечињата

Периодот што претстои пред нас изобилува со огромни температурни разлики. Па, сето тоа потпомага да дојде до изобилство на заболувања кај дечињата. Почнувајќи од појава на алергии, повраќања поради вируси, дијареа, тонзилити па, се до бронхити и пневмонии. Самите повисоки темепратури се примамливи да дечињата разладувањето го побараат во сладоледот и ладните сокови. Сето тоа може да предизвика една лавина од проблематични дијагнози кај нив. Сакам да ги посоветувам родителите на што да обрнат најмногу внимание и кога да бидат алармирани и да се појават кај својот педијатар. При појава на високи температури кои дури надминуваат и 39 С, одбиваат да јадат, одбиваат да примаат течности е првиот аларм кој ќе биде знак дека треба да се јавиме на лекар. Доколку имаме повраќања над 5-6 пати придружени со или без дијареа исто така треба да се аларм. Промена во гласот а, со тоа и моментот на засипнат говор и сето тоа проследено со кашлица налик на лаење се момент да родителот реагира. Појава на проблеми со дишењето и продуктивна сува или влажна кашлица е исто така знак кој не треба да се занемари и детето треба да биде однесено на преглед. Би се осврнал овој пат конкретно за појавата на акутен тонзилит или попознато кај народот ангина, која може да биде со или без белузлави наслаги.

Гнојната ангина можеме да ја препознаеме ако вашето дете има висока температура и болки во грлото, и гласот не е рапав, без кивање и кашлање најверојатно се работи за стрептококен тонзилитис, или гнојна ангина. Кога велиме гнојна ангина, се подразбира дека причина за воспалението се стрептококи, бактерија која се шири лесно и кај децата излачува токсини кои предизвикуваат болки во грлото, главоболка и висока телесна температура. Дете со стрептококен тонзилитис има светла црвена боја на грлото, крајниците се со  бели точки и лимфни јазли на вратот се чувствителни и болни. Детето е бледо, апатично, нема апетит и се чувствува многу лошо.Заради температурата и болките  во грлото кои родителите ги сметаат како симптоми на настинка и грип, често се занемарува  фактот дека тоа е сериозна болест и родителите  почнуваат терапија на своја рака што е апсолутно погрешно. Многу важно да се обрне внимание на знаците за гнојна ангина кои се разликуваат од другите болести и е потребно да детето се јави на преглед кај педијатарот. Потребно е да се утврди причинителот на гнојната ангина. Бидејќи и други бактерии и вируси можат да бидат предизвикувачи а тие се  (стафилококи, Хемофилус) и вируси (како оној кој предизвикува инфективна мононуклеоза. Тие предизвикувачи даваат слична клиничка слика и манифестација . Наголем ризик имаат дечињата кои се во градинките, училиштата кои имаат се уште слаб имунолошки систем и неотпорност кон бактериите и вирусите. Денес дијагнозата се воспоставува лесно со брзиот стрептококен тест. Преку крвната слика ќе најдеме покачени леукоцити и гранулоцити а исто така и ЦРП то ќе е високо, исто така периферна размаска е сигурен показател на бактериска инфекција. Брисот од нос и грло се препорачува кај секоја суспекција за оваа бактерија. Воспалението на грлото  се третира со антимикробни лекови и антибиотици кои дејствуваат брзо. Пеницилини, без разлика дали физички или полусинтетички, се прашање на избор, а децата кои се алергични на оваа група на лекови им се администрира макролиди и други како него (еритромицин, кларитромицин …), а исто така може да бидат пропишани лекови од групата на цефалоспорини. Терапијата треба да трае обично десет дена. Болката може да се спречи со користење на  спреј за грло кој содржи анестезија, потоа  сирупи, ибупрофен или ацетаминофен. Температурата се регулира со давање на антипиретици. Најважно е да овој вид на инфекција биде со време дијагностициран и да се превземат сите потребни мерки за негово санирање, бидејќи опасноста од последиците е голема.

Д-р. Ангелчо Андоновски

 

Поврзани статии

Back to top button