Од васУбави муабети

Психолог Ангелина Василевска: Обидете се да бидете похрабри, и стекнете што е можно повеќе искуства!

Храброста носи искуства, а искуствата ни даваат храброст да дејствуваме најдобро што можеме. Несомнено е дека животот ни носи многу ситуации во кои ни е потребна голема храброст. Имено од нас се бара да дејствуваме смело, да покажеме смелост. Честопати храброста ни дава крилја, не мотивира да се впуштаме во нешто ново, непознато, опасно, ризично, убаво со цел да оствариме некоја цел. Храброста не прави силни, ни влева надеж дека се ќе се исплати, ќе биде уште подобро. Искуството пак од друга страна е учител, тоа е како водилка низ животот. Имено, во себе содржи содржи многубројни наши борби, спомени, постапки.
Токму затоа тврдам дека храброста и искуствата се нераскинлив спој. Комплементарни се. За да доживееме одредени искуства потребна ни е доза на храброст, а пак за да дејствуваме храбро стекнатите искуства се елан за превземање акции. Според тоа човекот не може да живее и опстојува без искуства и без храброст. Затоа секогаш кога и да мислите дека е најдобро да постапувате храбро не двоумете се. Никогаш не плашете се да стекнувате нови искуства, дозволете му на животот да ве води, бидејќи секое доживување (добро или лошо) ја збогатува разноликоста на нашето постоење и секојдневно живеење.

Автор: психолог и образовен асистент за деца со посебни потреби Ангелина Василевска.

Поврзани статии

Back to top button