Од насУбави муабети

Кога сте најмоќни?

Во животот има моменти кога сме слаби. Но, има и моменти и периоди кога сте моќни.

А, кога сте најмоќни?

Најмоќни сте кога владеете со себе, а не со другите!

Најмоќни сте кога храбро ги водите своите битки, без страв, одговорни за она што и она што ќе бидете.

Најмоќни сте кога не се споредувате со другите затоа што секој од нас има свој пат, свои битки и свои искушенија.

Најмоќни сте кога го оставате минатото зад себе знаејќи дека таму нема место за промени, а грижата за иднината станува енергија за создавање на подобра сегашност!

Најмоќни сте кога одбирате да бидете сами, наместо со негативни луѓе.

Најмоќни сте кога ја градите својата иднина без да загрозувате нечија друга.

Најмоќни сте кога љубите со цела душа, простувате со цело срце, се заблагодарувате со насмевка и кажувате само убави зборови!

 

Поврзани статии

Back to top button