Од насУбави муабети

Нема посилна љубов, од љубовта на мајката и ќерката

Нема посилна и повеќе посветена љубов, од љубовта на мајката и ќерката. Во зависност од тоа какови ставови мајката и пренесува на својаата ќерка во детството, можеме да претпоставиме во каква жена еден ден таа ќе порасне. Целта на секоја мајка е да создаде самосвесна, одлучна, достојна и храбра млада жена. Затоа, нивните ќерки во текот на растењето повторуваат некои животни вистини, кои во нивната свест воспоставуваат љубов и ги почитуваат моралните и социјалните принципи. Односот меѓу мајката и ќерката е базиран на безусловна љубов и доверба и преку одредени ситуации кои ги пренесуваат на своите деца, мајките најмногу се заслужни во какви жена ќе порасне ќерката.

Вистините што ни ги кажуваа мајките и кои ни помогнаа да ја препознаеме љубовта и довербата: Ги почитувам твоите мислења, иако често не се совпаѓаат со моите.Запомни дека никогаш не си сама! Ти си најдобрата одлука што некогаш сум ја донела! Ти си прекрасна личност.  Верувам во твоите одлуки и идниот успех! Јас сум горда на тебе! Можеш да ми веруваш! Јас нема да те осудам, јас ќе ти дадам разбирање и поддршка, без оглед на се. Те сакам. Се восхитувам на сè што постигна и во каква жена порасна!

Овие реченици градат цврста врска меѓу мајката и ќерката, и даваат на девојката ветар во грб. Ќерката секогаш знае дека зад неа стои широка насмевка, раширени раце и рамо за утеха.

И, не заборавајте да и се заблагодарите на својата мајка за жената која ја гледате во огледало!

Поврзани статии

Back to top button