Од насУбави муабети

Што се случува во женските групи на Фејсбук – мистерија за мажите!

Гоце Делчев го разбираше светот како поле за натпревар на народите. А денес дел од жените го разбираат Фејсбук како поле за натпревар за водење разно разни дебати кои во 90% од случаите завршуваат со кавга. Во останатие 10% е и поле за размена на информации. Но што всушнот претставуваат сите тие групи на фејсбук за мажите?! За мажите се само една голема мистерија, за која дел од нив се заинтересирани да ја откријат, а дел од нив појма немаат дека воопшто постои некаква група на фејсбук, каде жените го оправаат светот. Нивниот начин на комуникација е надалеку познат како поедноставен, не навлагање до деталите за општи банални работи во секојдневието, додека пак кај жените е суптилно, сеопфатно и сестрано. Дали мажите би можеле да функционираат на тој начин по социјалните мрежи?! Во женските групи се споделуваат разно разни мислења, разно разни слики, видеа па и разно разни проблеми, за кои дел си го нашле спасот а дел се покајале што воопшто споделиле проблем јавно, било од кој и да е карактер истиот. Секако дека и во машките групи постојат секојдневни муабети, но верувам дека тие не би можеле да функционираат со толкав интензитет на посетеност и активност во таква слична група како што го умеат тоа жените. Тие не би го споделиле здравствениот проблем така јавно, не би прашувале прашања од типот каков автомобил да купат, какво масло за автомобилот. Или пак не би прашале каква боја автомобил да купат. Но, што е тука е. Сепак “мажите се од Марс а жените од Венера”. Мистеријата е откриена.

Поврзани статии

Back to top button