Од насУбави муабети

„Понекогаш, најмалите нешта зафаќаат најмногу место во твоето срце.“

Ако сакате вистинска мудрост, барајте ја во книгите за деца. Еден таков пример е и книгата Вини Пу од англискиот писател Александер Ален Милн, за првпат објавена во 1926 година.

Жолтото мече стана омилен лик на многу деца низ светот. Не соочи со неколку големи и слатки вистини.

„Колку сум среќен што имам некој заради кој кажувањето збогум е толку тешко.“

„Ако некогаш дојде ден кога нема да можеме да бидеме заедно, задржи ме во срцето и јас ќе останам таму засекогаш.“

„Мислам дека сонуваме за да не бидеме раздвоени премногу долго. Ако сме во соништата на другиот, можеме да бидеме заедно цело време.“

„Малку грижа, малку мислење и на другите околу вас, може да направи голема разлика.“

„Денот поминат со тебе е мојот најубав ден. Значи денес ми е нов омилен ден.“

„Реките го знаат ова: нема потреба од брзање. Сите ќе стигнеме таму еден ден.“

„Ти си похрабар отколку што веруваш, посилен отколку што изгледаш и попаметен отколку што мислиш.“

„Веднаш штом те видов, знаев дека ќе се случи авантура.“

„Некои луѓе премногу се грижат. Мислам дека тоа се вика љубов.“

„Ако ти доживееш 100 години, јас би сакал да доживеам 100 години без еден ден, за да не морам никогаш да живеам без тебе.“

„Една од придобивките ако си неорганизиран е тоа што секогаш можеш да наидеш на изненадувачки откритија.“

„Понекогаш, најмалите нешта зафаќаат најмногу место во твоето срце.“

 

Поврзани статии

Back to top button