ЖивотУбави совети
Највкусниот сладолед кој ќе го пробате ова лето
Направете вкусен домашен сладолед за екстремно кратко време и кој сите го сакаат.
Потребни ви се 200мл. течен јогурт, 400 гр. јагоди, рендана кора од половина лимон, 1 лажица ванила во прав и 2 лажици шеќер.
Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте се додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја смесата да се замрзни и веќе по неколку часа може да уживате во највкусниот сладолед. Послужете го во чинија за сладолед со исечкани банани и јагоди.