ЖивотУбави совети

ПРОТИВ СТРЕС И НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА: Направете сами есенцијално масло од јаболко со помош на две состојки

Идеално решение за брзо опуштање.

Брзото темпо на живот со себе носи многу напнатост. По стресниот ден на работа, факултет или училиште, одвојте неколку минути за да се опуштите. Најдобар природен сојузник во борбата против секојдневниот стрес се есенцијалните масла. Тие се безопасни, без додавање на хемикалии и можат исклучително поволно да делуваат на релаксација на напнатиот нервен систем и ослободување на негативна енергија. Не мора да излегувате од дома барајќи есенцијални масла, можете сами да го направите! Ви пренесуваме едноставен и брз рецепт за правење есенцијално масло од јаболка, а се што ви треба се две состојки.

Состојки:

1 средно јаболко
1 чаша органско маслиново (или бадемово) масло
Подготовка:

Јаболкото со средна големина измијте го, излупете го и исечете го на тенки кришки или изрендајте го.
Јаболката прелијте ја со шолја маслиново или бадемово масло, во зависност од тоа какво масл имате. Додадете неколку капки вода и варете ја смесата 30 минути. Јаболката процедете ги и исцеденото масло оставете го во стаклена тегла со капак на темно и ладно место.

Етеричното масло ќе ви трае од 3 до 6 месеци.

Поврзани статии

Back to top button