Моли се како можеш и умееш, само моли се што почесто!
Сакаш ли твојата молитва да биде срдечна и Бог да ја прими, тогаш направи го свое страдањето на твојот ближен. И само една искрена воздишка заради ближниот донесува вистински плодови. – Епископ и Старец г. Партениј Бигорски
За да бидеме добри христијани прво мора да станеме добри луѓе. – Отец Митрофан Бигорски
Не е богат оној кој има многу , туку оној на кој му треба малку. – Свети Јован Златоуст
Не се обезхрабрувај, верувај во Бога. – Св Амвросиј Оптински
Уште од мал научив да се молам за оние што ме навредуваа. Говорев:„ Господи немој да им го сметаш за грев заради мене“. – с. Силуан
Очигледен знак на љубовта кон Бога е радоста Божја во нашите срца.
– Свети Тихон Задонски
Бог го бара нашето срце. Но, без добри дела не сме способни да Му го дадеме срцето на Бога. – Св Гаврил Грузиски
Треба да знаеме дека не застануваме на молитва за да се бориме против демонот, туку за да се соединиме со Бог. – дедо Наум
Од мислите страдаме и психички и физички. – Старец Тадеј
Бараме слобода.А зошто? За да станеме робови на страстите. – Старица Гаврилија
Човеку, те разбирам кога кажуваш дека не знаеш да се молиш. Но послушај го мојот совет: Моли се како можеш и умееш, само моли се што почесто! – Св Макариј Велики