Од насУбави муабети

Во овој град сум како Алиса во земјата на чудата!

Ме боли, колку и да ја лекувам изгореницава таа упорно не поминува, боли, пече, гори! Велат, ќе се изгориш на млеко, па потоа ќе дуваш и на кисело млеко. Е, баш така. Така, по таа формула живеам јас сега, денес и овде.

А, бев млада и човечно воспитана. Но, пораснав и сфатив дека овде во градот во кој се родив јас се изгорев до болка. Овде, каде секој секому лошо му мисли, а лице му прави. Каде кога ќе ти го прободат грбот со нож од тебе чекаат извинување. Ќе те измамат и они се тие кои се лути и повредени. Ќе те затрујат со нивни маки и наоколу ќе раскажуваат за оние две твои маки кои пред некоја година си ги споделил со нив. Овде секој својот леб го јаде, а туѓо гајле бере. Секој избегнува културни случувања, секој снима турбо фолк снепчиња. Секој со секому е брат, само додека се заедно на маса. Секој за секој друг повеќе знае од тој самиот за себе.

Ме плашат вештачките насмевки и неискрените прегратки. Не знам од која страна попрво да погледнам, како да се заштитам, кому да верувам, со кого добринава да ја споделам. Во сопствениот град полн глумци јас се осеќам како Алиса во земјата на чудата. Но, оние негативните чуда, за жал.

Поврзани статии

Back to top button