Од васУбави муабети

Зошто ова сонце не грее подеднакво во секој дом a некаде воопшто не грее?

Не знам, полнопати се прашувам зошто и ова сонце подеднакво не грее во секој дом туку некаде воопшто не грее.

Зарем таму каде што не грее луѓето се лоши, на нив никогаш не им треба сонце?

За жал, не го знам одговорот, не верувам дека некогаш ќе го дознаам, барем не додека сум жива.

Кој човек не го сака сонцето, да излезе и му се порадува на неговите зраци?

Или треба само во мислите и неговите фантазии да замислува како изгледа еден прекрасен сончев ден бидејќи како за сè во животот што нема правила, така нема и за моето сонце кое ќе продолжи по свое.

Некои цел живот ќе ги грее, за жал други луѓе го бараат и нив да ги огрее, барем за миг да ги тргне облаците кои тежат како планини, но никогаш не се појавува макар некаков сончев зрак.

Дождот не престанува, впрочем како и нашите солзи кои се горки, солени и тешки како камења.

Само се прашувам што треба да направам за да ги помрднам сите планини и реки, некаде на средина сонцето да го ставам, за кога грее сите луѓе да ги грее, широко да ги испружиме нашите раце да ги примат неговите прекрасни зраци.

Ех, мое најсветло сонценце, каде и зошто бегаш од нас?

Биди барем ти еднаш праведно и огреј нè сите, дојди на секој прозорец, пушти ги твоите светлосни зраци, како само ти што знаеш и умееш, светни со твојата светлина,донеси среќа и радост на сите луѓе.

Наташа Алексовска

Поврзани статии

Back to top button