Како се расправаат среќните парови?
Ниту една врска не е идеална. Бидете сигурни дека скоро сите парови се расправаат. Единствената разлика е тоа што среќните парови се расправаат паметно. Тие не се плашат да го кажат својот став и притоа да мислат дека врската ќе им пропадне.
Како се караат среќните парови?
Не употребуваат навредливи епитети како кретен, глупава, идиот и слично. Се расправаат со аргументи, а не со навреди.
Се фокусираат на сегашноста, односно се расправаат за актуелен проблем, а не за нешто што се случило пред месеци или години.
Бараат компромис, а не виновник или победник во кавгата.
Реагираат кога ќе се појави проблем, а не кога ќе ескалира.
Признаваат кога не се во право, колку и да е тешко тоа.
Знаат да се извинат и да прифатат извинување.
Се почитуваат после расправијата и се сакаат повеќе, наместо да се замразат.