ЖивотУбави совети

Вкусна идеја за денешниот ручек

Немате идеја што вкусно да ручате денес? Ние имаме супер брза и вкусна идеја за денешниот ручек. Макарони со колбаси во рерна.

Потребно е:
300 гр тестенини
2 јајца
200 гр сирење
200 мл кисело млеко
50 гр колбаси
малку масло
50 гр кашкавал
магдонос

Подготовка:
Сварете ги тестенините и исцедете ги. Во сад, изматете јајца, додадете кисело млеко, ситно сечкани колбаси, рендан кашкавал и издробено сирење. Додадете неколку лажици маслиново масло и малку сол.

На крај додадете исечкан магдонос и мелен пипер. Измешајте се заедно. Подмачкајте ја тавата со масло и истурете ги тестенините со филот.

Печете во рерна на 220 степени околу 30 минути.

Поврзани статии

Back to top button