ЖивотУбави совети

Создаваме ли генерации на разгалени деца?

Во денешно време, сведоци сме дека родителите премногу се грижат за децата, во одредени случаи дури и премногу им дозволуваат, што доведува до разгални и неблагодарни деца, колку и сурово да звучи тоа.

Денешните деца не умеат да го ценат она што нивните родители го прават за нив и често се исфрустрирани и апатични доколку не добијат нешто што сакаат, нешто што го имаат нивните другарчиња или нешто што го виделе на интернет што не било така пред десет или дваесет години. Во минатото, децата не се прашувале што ќе јадат, туку јаделе. Не се прашувале каде сакаат да одат, туку оделе таму каде што росителите ќе одлучеле. Последниот збор го имале мама и тато, а не расплаканото дете.

На денешниве деца се им се нуди на тацна и ако им го дадеш прстот, ќе ти ја земат раката. Не сум растела во премногу конзервативна и традиционална фамилија, ама мислам дека ја претеравме.

Заборавивме да ги научиме нашите деца на благодарност. Благодарност за она што нивните родители им го даваат во рамките на можностите. И не треба на децата да им купувате се што ќе побараат. Така не сте добар родител. Не можете да им дадете љубов купувајќи им скапи гаџети, смартфони или играчки и облека. Ним им треба вашето време, внимание, едукација, разговор. Ако купувате се што ќе посака, тоа од мало ќе научи една нефер лекција дека може да добие се што сака, само да не плачи. А, кога ќе порасне ќе си ја чука главата од ѕид, затоа што во животот ништо не е бесплатно!

 

Поврзани статии

Back to top button