ЖивотУбави совети

Влезете во новата година како богатите и успешни луѓе!

Велат дека по утрото денот се познава. Какви се вашите утра? Дали и вие како голем процент од луѓето се борите со креветот? Станувате намуртени и нервозни? Често ви се случува да презаспиете, па да задоцните на работа?

Подолу наведените факти се надеваме дека ќе ви го олеснат будењето и утрото ќе го гледате од друг агол. Со убаво утро, целиот ден е убав! Вака го започнуваат денот богатите и успешните луѓе ширум светот.

Станете порано.

Успешните луѓе се будат помеѓу 4 и 7 часот наутро. Станувањето во 5 наутро додека градот се уште спие влева огромна енергија.

Спортувајте! 

Докажано е дека физичка активност пред работа позитивно влијае на менталниот склоп.

“Самопочитта доаѓа од дисциплината и тренингот”

Најтешката задача започнете ја најпрво! 

Секој ден имаме различни обврски. Се вели дека е подобро наместо за на крајот од денот да се остави најтешката обврска е многу подобро да се направи на почетокот од денот.

Одвојте време за медитација!

Барем 20 минути одвојте од утрото за медитација. Ќе почуствувате позитивна разлика во текот на денот. Туширањето одзема исто време колку и медитацијата.

Направете план за денот!

Мал дел од утрото посветете го на планирање на целиот ден. Држете се до тој план, ќе ви биде полесно.

И запомнете: Неуспехот во планирањето е планиран неуспех!

Поврзани статии

Back to top button