ЖивотУбави совети

Како настанало суеверието кое ги мачи идните невести?

Кога една девојка подготвува свадба, постојано слуша за најразлични адети, традиции и суеверија.

Се верува дека голема несреќа за младите е ако зетот ја види својата сакана во венчаница пред самата свадба. Потеклото за ова суеверие има интересна приказна.

Ова суеверие настанло многу одамна, кога голем дел од браковите биле договарани од страна на родителите. Тогаш, договорените бракови условувале младоженците да не се запознаат се до денот на свадбата, односно еден со друг за прв пат ќе се виделе на денот на свадбата.

На зетот не му било дозволено да ја види жената со која ќе треба да го помине животот како не би се предомислил со што би пропаднал договорот помеѓу фамилиите кој вклучувал и многу еконосмки аспекти и повеќе бил деловен отколку емотивен договор. Со оглед на тоа, младоженецот за прв пат ја гледал и невестата и венчаницата на денот на свадба, па од овој момент произлегло најпознатото суеверие кое мачи многу невести до ден-денес кое нема никаква врска со тоа дека доколку зетот ја види невестата во венчаница пред свадбата ќе им донесе несреќа.

Поврзани статии

Back to top button