ДомУбави совети

Што не би требало да има во вашата бања?

Постојат големи шанси дека никогаш не ви паднало на памет што треба да чувате во вашето купатило, а што не. Постојат одредени предмети кои никако не смеете да ги чувате во овој дел од домот, кој често е влажен, топол и полн со бактерии.

Тврд сапун: доколку сакате да избегнете таложење на бактерии и хаос на мијалникот, секогаш употребувајте течен сапун за раце.

Крпи: тие секогаш треба да се чуваат на суво место. Влагата е одлично тло за размножување на бактерии, па затоа тргнете ги крпите од бањата.

Лекови: иако во филмовите често може да видиме како некој лик зема таблетка за главоболка од бањата, на лековите не им е место таму бидејќи тие треба да се чуваат на студено и темно место.

Накит: Доколку го чувате во бањата ризикувате тој брзо да оксидира и да ја промени својата боја.

Шминка и парфем: Треба да се чуваат на суво место и на собна температура што значи дека местото не им е во купатилото.

Поврзани статии

Back to top button