Има едно прашање кое го мрази секој маж на планетава земја!
Колку пати сте го поставиле ова прашање досега? Безброј, нели? И тогаш се прашувате зошто еден маж не е со вас. Едноставно, некои реченици треба да се избегнуваат ако не сакате да го одалечите својот драг од себе и пред да покажете што навистина сте!
Никогаш немојте да го прашувате вашиот партнер во кој правец вашата врска се развива. Зошто? Бидејќи мажите едноставно го гледаат тоа прашање поинаку. Иако зад вашето прашање не стои лоша намера, ниту вие не ќе му ставите ланци, едноставно сакате да ја направите вечна љубовта, но докажано е дека мажите реагираат негативно на важноста на иднината.
Колку и да се зборуваше дека тие се посилната половина вистината не е на нивна страна, во прилог на ова е фактот дека тие се плашат од иднината, а не затоа што не сте вистинската личност за нив, туку затоа што тие не се сигурни што ќе направат и како да се постават во целата таа приказна.
Затоа е подобро да се движат сами по себе работите. Мудрите жени отсекогаш биле посреќни во животот. Единственото прашање е колку го сакате овој човек. Ако мислите дека тој е вашата друга половина и сакате да го поминете со него животот едноставно олабавете се.
Ако сакате да се успее како пар, токму сега е време да почнете да живеете во сегашноста. Нека се одвиваат работите постепено. Нека диши слободно врската, нека се развива.