ЖивотУбави муабети

Корисни совети за мајки!

На секоја мајка секогаш и се добродојдени советите кои ќе и ги олеснат секојдневните грижи и обврски кон своето детенце. Во продолжение ви нудиме лесни и едноставни совети за побрзо справување во одредени ситуации од животот.

Како да му капнете на детето капки за очи што полесно и без плачење? Детето нека легне и нека ги затвори очите, а вие ставете му ги капките во аглите на очите. Кога повторно ќе ги отвори очите капките сами ќе се разлеат.

Не дозволувајте му да гледа телевизија во сосема темна соба. Штедете му ги очињата така што ќе вклучите барем уште еден извор на светлина.

Ако на усните на вашето дете се појават ранички од испуканата кожичка, ставете на тоа место газа натопена во вино и шеќер.

Доколку навечер не можете да го заспиете детето, дадете му полека да испие чаша млако млеко со половина лажичка мед во неа.

Ако вашето дете има раничка со преврска и не можете да ја одлепите, не тегнете ја, болно ќе биде тоа за него. Полека навлажнете ја со малку засолена вода и одма ќе ја отстраните.

Ако вашето дете страда од лошење при возење во автомобил со вас на пат понесете и свеж магдонос. Повремено нека го грицка, сигурно ќе му помогне.

Ако му застане рибина коска во грлото, не паничете. Дајте му да испие малку оцет, тој ќе ја омекне коската и со леснотија ќе му ја извадите.

Кога насетувате настинка или кога веќе детето е настинато, веднаш внесете го во кадата. Потопете го во потопла вода во која ќе додадете една лажичка сода бикарбона. Квасете му го телото барем пет минути а потоа енергично истријте го, дајте му да испие топол чај и добро покријте го.

Болката во грлото ублажете му ја со гаргара од млака посолена вода.

Најдобри лекови против пролив се какаото и боровинките.

Поврзани статии

Back to top button