Од насУбави муабети

Тест: Доколку повеќето од овие прашања ги одговорите со потврден одговор тогаш е крајно време да се разделите

Кога врската ќе допре до најниските гранки, најтешко е да се знае дали и кога ќе дојде време за разделба. А пак најлесно е да ја нурнете главата во песокот и да чекате што ќе се случи. Некогаш е потребно да ја земете контролата во свои раце, оти самите вие знаете најдобро што ве прави среќни а што не. Ако врската не фунскционира како што треба, ако повеќе немате време еден за друг, ако не си создавате насмевки, ако си го влошувате секојдневето и се гушите нема зошто да губите време. Животот е еден, треба да ви мине во разбирање, спокој и среќа. Но, понекогаш колку и врската да е лоша луѓето повеќе ги плаши стравот од нешто непознато и ново. Решаваат да живеат во несреќна врска само за да не останат сами. Времето поминато како “ние”, наместо “јас” од корен го променило вашиот поглед на светот, статусот меѓу пријателите и семејството, начинот на живот, начинот на шопинг, па дури и на исхраната … Од тука и не е изненадувачки фактот што се плашите да бидете сами. Постои само еден начин да се надмине стравот. Не смеете да го игнорирате. Доколку се соочите со него, можете да најдете начин тој да исчезне. Никој не може да ви каже кога точно треба да се прекине врската, само вие тоа можете да го почувствувате, но постојат некои знаци кои јасно укажуваат дека некои работи не може да се променат и треба да се продолжи напред храбро и со крената глава. Без страв, без двоумење и без гледање назад.

Овие проблеми често остануваат засекогаш проблеми поради тоа што да се надминат е просто невозможно. Дали се променивте и не си се допаѓате во каква личност се претворивте благодарение на врската? Дали ве изневерил? Дали сте го изневериле? Дали времето поминато заедно ви е здодевно и напорно? Живеете во минатото? Дали физички ве нападнал? Веќе нема ниту расправии ниту среќни моменти?

Доколку повеќето од овие прашања ги одговорите со потврден одговор тогаш е крајно време да се разделите. Секој по својот пат, за посреќна иднина. Колку и да ви е тешко и да ве плаши помислата како без него, морате да издржите. Космосот ќе ве награди, верувајте!

Поврзани статии

Back to top button