ЖивотУбави совети

Три хороскопски знаци кои раскинуваат на најсуров можен начин

Овие три Хороскопски знаци ќе се ослободат од вас без жал. Не се изненадувајте!

Овен е знак кој знае брзо да се заинтересира и затреска, но брзо и да олади. Кога најмалку ќе очекувате, тој ќе ја преврти врската наопачки. Одеднаш ќе стане многу зафатен и нема да има време да се види со вас. Веќе сите знаеме дека е многу импулсивен знак, па лесно може да ве доведе во лоша ситуација и одеднаш да ве остави на брутален начин. Можеби баш тогаш ќе се подготвувате за важен испит или за вашиот роденден, но него тоа нема да го интересира. Тој токму тогаш кога не треба може да ви каже дека вашата врска не води никаде и дека е крај. Очекувајте го од Овенот неочекуваното.

Стрелец ќе раскине со вас на многу невообичаен начин. Тој не сака дебати и драми, па немојте да бидете изненадени ако тој го испрати својот пријател да ви ја каже тажната вест. Тоа е кукавичка постапка, а Стрелецот не е свесен за тоа. Можеби тој ќе одлучи да и го даде мобилниот на својата нова девојка за таа да одговори на вашиот телефонски повик кога ќе се јавите. Таа ќе ви каже дека сè е готово за вас. Зошто Стрелецот да се мачи да раскине?

Рибите раскинуваат на уште понеобичен начин од Стрелецот. Воопшто не се замараат. Тие очекуваат да разберете кога крајот доаѓа. Никогаш не знаете каде сте и на што сте со нив. Често ќе помислите дека сѐ уште сте заедно, но всушност не сте. Чудно, нели?

Поврзани статии

Back to top button