Од васУбави муабети

Сте живееле ли сами пред да стапите во брак или во заедничко живеење?

Сте живееле ли сами, пред да стапите во брак или во заедничко живеење? Ако не сте во брак тогаш периодот кога можете да живеете сами не пропуштајте го. Замислете еве ние кои што сме го пропуштиле кога ќе ни биде следна можност, или после развод или во стари години ако децата се осамостојат и партнерот не напушти пред нас.

Да живееш сам дава огромна можност за да се запознаеш себе си каков си одделено од родителите, децата, сопругот и пријателите.

Кога живееш сам учиш сам да донесуваш одлуки, да си одговорен за финансии, се спознаваш самиот каков си, кои се твоите интереси и желби. Тоа е период кога се одвојуваш како личност во целост од родителите. Да изградиш свое јас, да го намалиш влијанието од родителите, да си сугурен во сам себе а не сигурноста да ја бараш во друг.

Ова е многу битно за потоа кога ќе основаш своја заедница. Да не ја замени сопругата твојата мајка и стане во улога на мајка на својот сопруг. Или во брак да се учите на нови обврски и навики кои веќе би требало да се усвоени.

И уште една многу битна појава е кога родителите не ги пуштат децата на целосна сепарација. Односно, продолжуваат да се мешаат во одлуките на своите деца иако они веќе имаат своја заедница. Кај еден астролог овде има цел процес како да ја замолиш мајка ти на енергетско ниво да ти даде благослов за осамостојување…

Оние кои не се доволно самите на себе секогаш ја бараат среќата во друг. На пример “ќе сум среќен ако имам ваков или онаков партнер”. Никогаш среќата не се бара надвор, прво треба ние да ја имаме, да ја шириме, да се најдеме самите себа а партнерот доаѓа како надополнување.

Мери Амбросова @mojafitnessmama

Испратете и вие Ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button