Tи си ми сè. Среќа, радост и тага…
Кога би можела да соберам храброст
и да ти кажам колку ми недостигаш и колку ми значиш.. Tи си ми сè. Среќа, радост и тага.
Утеха. Исчекување и надеж. Сила и слабост.
Разочарување. Поткрепа. Ти си ми последната мисла пред спиење и првата кога ќе се разбудам. Сон и реалност. Неостварена желба. Недопирлива личност. Воодушевена сум од тебе. Ти си ми далечина и блискост. Сонце и месечина.
Мрак и светлина.
Ти си ми опсесија.
Посакувам да ти пуштам плач,
за да те довикам,
за да не преживувам без тебе.
Да те заклучам во овај срцевен затвор,
како диво животно,
за да не побегнеш.
Посакував и да зборуваш,
секогаш кога знаеше да молчиш.
Дојди ми.
Воодушевена сум од тебе,
од твојата појава,
од самата себе кога си до мене.
Дојди ми…
Раскажи ми за себе.
Покажи ми ги најмрачните страни од тебе.
Дојди само малку.
Само на кратко.
Намини во сон од копнеж и желба.
Подај ми рака,
таму би можеле да сме сигурни.
Дојди ми!
Да не те пропуштам пред да те пуштам.
Автор: Викторија Стојовска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk