Од насУбави муабети

Сегашниве мажи како да не се мажи…

Сакам да има и да може да си најдам момче како од минатото. Не ме бендисуваат сегашниве момчиња, искрено да ви кажам. Сакам да биде прав кавалер. Да биде маж во вистинска смилса на зборот. Да ме цени, почитува и љуби ептен. Да ми ги почитува и родителите и пријателите. Да ме заштитува и да ми предизвикува чувство на посебност. Како една на светов да ме гледа сакам. Да ми отвора и затвора врата од автомобил, да ги носи тешките кеси од пазарење, да не се кара со мене за далечинскиот управувач, да знае дека кога јас одам на фризер не мора и он да оди баш тогаш, дека поважна е мојата депилација отколку неговата. Дека јас сум жената, а тој мажот, да е свесен за тоа. Дека не е во ред да е полигав, почувствителен и поплачко од мене. Жените се тие кои треба да бидат разгалувани и да им се прават метании. Зар јас да му подарам ружа? Јас да клекнам да го побарам за маж? Малку се помешаа поимите жена и маж во денешницава. Како ние жените да станавме посилниот пол, посигурни, постабилни и поиздржливи. Порано думам не било така, што знам ама па вака мене воопшто не ме бендисува. Сакам да бидам дама, а тој кавалер. Многу ли сакам?

Поврзани статии

Back to top button