Од насУбави муабети

Посакувам да пронајдам човек, обичен човек кој ќе биде моја сродна душа…

Посакувам да пронајдам човек, обичен човек кој ќе е мојата сродна душа. Мојата совршена половина. Чии дела ќе бидат погласни од зборовите. Чие срце ќе отчукува во ист ритам со моето. Да ме воздига над својата себичност, да не дозволи инатот да не уништи. Да ме сака, да ме милува, разгалува и да се грижи секојдневно. Одново и одново да се труди да ме освои. Да можам со него да споделувам маки, проблеми и стравови без да бидам осудена. Под неговата романтичност да видам вистински човек. Да гледаме во иста насока, да има разбирање за моите животни одлуки, да се прилагоди на моето темпо на живот, а јас на неговото. Да знае што е компромис и да го практикува. Моите желби да му бидат важни. Да изненадува, да споделува и да љуби безрезервно. Да живееме во слога, страст и почит.  Да ми прави се што сака јас да му правам! Многу ли сакам?

Поврзани статии

Back to top button