Убави книги и филмови

Уникатни и моќни приказни за љубителите на книги

За оние кои се љубители на читањето, составивме листа од три книги на кои вреди да им дадете шанса затоа што ќе ве воодушеват!

Господарот – Колм Тојбин

Господарот е прекрасен пример за романизирана биографија и историски роман во кој реалните ликови се преплетуваат со фикцијата. Но ова е и роман кој ни овозможува да ѕирнеме во интимниот живот на писателите и да согледаме како луѓето од својот секојдневен живот полека се трансформираат во книжевни ликови кои ќе останат засекогаш запаметени во книжевната историја.

Одење по јаже – Лижија Божунга

Возбудливиот роман Одење по јаже нè води на една живописна авантура по таинствените патеки на детската мечта. Малата ѕвезда Марија, ќерка на акробати, против своја волја е оттргната од магичниот циркуски свет и оди да живее „нормален“ живот кај баба си. Осамена во големата куќа полна со спомени, таа тргнува на едно необично патување…

Фаренхајт 451 – Реј Бредбери

Романот интиутопија Фаренхајт 451 е слика на едно тоталитарно општество во кое луѓето се затворени во своите огноотпорни домови, никогаш не разговараат за она што го мислат и чувствуваат и уживаат само во материјалните работи. Но една мала опозиционерска група на луѓе-книги сакаат да го спасат духовното богатство на човештвото и секој од нив знае наизуст понекоја книга, за да им ја пренесе на идните поколенија…

Поврзани статии

Back to top button