Убави книги и филмови

Енциклопедии кои треба да ги имате дома!

Анатомски атлас – Човеково тело  Во него е обработена анатомијата на човечките системи, со голем број на факти и слики од човечкото тело. Одлична е за основците кои ги градат своите темели на знаење, но и за средношколците и повозрасните.

Сите чуда во светот (Бернард Дамплетон) Водич низ најголемите природни убавини. Книга полна со неверојатно прекрасни фотографии. Описи на џунгли, езера, реки, острови, шуми, планини и информации за животни, растенија, но и луѓето што живеат во тие краишта.

Енциклопедија за управување со здравствена заштита ( Мајкл Џ. Стал)  Корисна за сите оние кои се вклучени во кој било аспект од здравствената заштита, без оглед дали како студенти, инструктори, лекари, истражувачи или администратори. Оваа книга ќе најде широка примена во референтните колекции во сите јавни, универзитетски, болнички и корпоративни библиотеки.

Поврзани статии

Back to top button