Убави книги и филмови

Три книги кои се читаат во еден здив

Денешниот избор на книги ќе ве воодушеви.  Ако се уште ги немате прочитано, набавете ги набрзо и уживајте! 

Врзани (Ема Чејс)  Дру и Кејт се нетрпеливи да се врзат, ако претходно ги преживеат свадбените церемонии. Во поголемиот дел од мојот живот, не ни помислував дека ќе се оженам. Но, Кејт го направи невозможното: таа ме промени. Мислам дека сите можеме да се согласиме дека претходно бев неверојатно заводлив, но сега сум дури и повеќе. Неочекуваните инциденти во Вегас минатиот викенд можеа да предизвикаат голем проблем. тоа беше еден вид … мој конечен тест. Знам што си помисливте, по ѓаволите, како можеше да го сториш тоа? Релаксирајте се. Не ме осудувајте или пак не се повикувајте на моја кастрација, додека не ја слушнете целата приказна. Држете се цврсто, ви следи едно лудо возење.

Исчезната без трага (Шеви Стивенс) Половина горчлива драма, половина неизвесен трилер. Оваа книга е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици. Дали некои прашања заслужуваат одговор? Или е подобро да останат неодговорени засекогаш…

Или ти, или никој (Сузан Елизабет Филипс) Ова е приказна за двајца тврдоглави луѓе кои веруваат во играње за победа до последен грам енергија. Па зошто тогаш таа толку го привлекува? И зошто нејзе, светска жена, ѝ се врзува јазикот од неговиот момчешки шарм? Зошто на двајцата им се раѓа желба за карање секогаш кога се во близина?

Поврзани статии

Back to top button