Убави книги и филмови

Книги кои ќе го задржат вашето внимание!

Со оглед на ниските температури кои ги имаме надвор, сите ние се криеме по дома и во близина на каминот. 

Морам да знам (Карен Кливленд) Овој психолошки трилер од „ЦИА инсајдер“ навистина ќе ве заледи. Во потрагата по руски шпионски круг во Америка, една аналитичарка од ЦИА открива смртоносна тајна што ќе ја преиспита нејзината лојалност кон Агенцијата, но и кон нејзиното семејство.Што би направиле кога сè во што имате доверба излегува дека е лага?Вивијан Милер. Врвна аналитичарка во ЦИА, среќно омажена со сопруг што го обожава, мајка на четири прекрасни деца. Но, во еден момент, таа открива нешто толку страшно, што почнува да се сомнева во сè околу себе. Вивијан е решена да ја одбрани својата земја од сите непријатели, странски и домашни. Но, сега, соочена е со невозможен избор. Растргната меѓу лојалност и предавство, соработка или проневера, љубов или сомнеж. Кому да верува? Не пропуштајте го „Морам да знам“, роман преведен на повеќе од дваесет јазици ширум светот, од кој се подготвува и филм со Шарлиз Терон во главната улога.

Музика на случајноста (Пол Остер) Романот на Остер го следи Џим Неш, бостонски пожарникар, кој, откако го троши своето неочекувано наследство во возење низ Америка, по пат собира еден млад коцкар, со план да измамат двајца ексцентрични милионери. Но, планот не успева и тие брзо се наоѓаат на една ливада во Пенсилванија, принудени да изградат еден бесмислен ѕид од камења земени од руини на ирски замок од петнаесеттиот век. Времето минува, нивните долгови растат, исто како и нивниот бес, додека се обидуваат да се извлечат од ова кафкијанско ропство. Популарниот автор на бестселери, Пол Остер, нѐ воведува во својот свет на сурови зделки и казнени каприци, свет во кој среќата и случајноста се непредвидлива сила.

Сè што чуваме (Кери Лонсдејл) Ејми Тирни го има вистинскиот рецепт за совршен живот: да се омажи за нејзината прва љубов од детските денови, да основаат семејство и да го откупи ресторанот на родителите. Но, кога нејзиниот свршеник, Џејмс Донато, ненадејно исчезнува во бродска несреќа, нејзината визија за светла иднина заедно со него исчезнува во морето. Наместо да чекорат кон олтарот на нивниот свечен ден, Ејми се наоѓа на неговиот погреб – настан што ја остава крајно вознемирена. Во обидот да си го обнови сопствениот живот, Ејми сè подлабоко се впушта во разоткривање на случката со исчезнувањето на Џејмс. Открива море од тајни што ја тера да се сомнева во сè што граделе заедно. Токму под површината се наоѓа вистината што може да ја ослободи Ејми… или да ја уништи засекогаш.Сè што чуваме е дебитантски роман на Кери Лонсдејл и прв од трилогијата „Сè што чуваме“. Во него се обработуваат темите на очајот од загубата, еуфоријата од новото вљубување и нештата што го забрзуваат пулсот при налетот на вистината за драгите личности и на што сè се подготвени тие за да нè заштитат.

Поврзани статии

Back to top button