Убави книги и филмови

Книги кои треба да бидат прочитани

Предлог три книги за убав ден:

Ме сака, не ме сака (Шерон Болтон) Познатите убијци имаат клубови на обожаватели. Хамиш Вулф е шармантен, харизматичен и многу убедлив. Надалеку познат по неговата убавина и сексапил, тој секојдневно добива љубовни писма од безброј обожавателки. Хамиш исто така е осуден убиец, кој отслужува доживотна казна во затвор. Кој би се приклучил на таков клуб? Меги Роуз е успешна адвокатка и автор на книги базирани на вистински злосторства. Повлечена и мистериозна, таа прифаќа само случаи кои може да ги добие. Хамиш е убеден дека Меги може да му помогне и дека таа е способна да му ја промени судбината. Но Меги не сака да се меша. Смета дека е имуна на шармот на еден таков маж. Но можеби овој пат ни таа не би можела да остане рамнодушна…

Од жарјето (Али Мартинез) Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример:
– Оглушувачкиот звук на експлодирање на куќата.
– Парализирачкиот страв додека ја барав мојата сопруга.
– Заслепувачкиот чад кој ми ги гореше очите додека ја изнесував на раце.
Но она што ќе остане најсилно врежано во мојата душа до крајот на мојот живот ќе биде потресниот момент кога сфатив дека жената во моите раце всушност не е мојата сопруга. Јас и Бри бевме единствените преживеани во фаталната несреќа – иако ни на двајцата не ни се ни живееше веќе по таа ноќ. Како самохран татко на кој штотуку му изгоре домот и сѐ што поседував, немав друг избор, па ја прифатив нејзината великодушна понуда привремено да се вселам во нивната гостинска куќарка. И некако, низ болката и тагата, оформивме еден невообичаен тим. Беа потребни години, но гледав како постепено ѝ се враќа насмевката на лицето – бавно и прекрасно. Навечер седевме и разговаравме со часови, празни муабети, но пополнуваа огромна дупка во моите гради. Иако јас ја изнесов неа од пожарот, вистината е дека Бри ме спаси мене. Нашата љубов се роди од жарјето, но којзнае дали можевме да ја преживееме и експлозијата од тајни и лаги од минатото.

Приказна на една мајка (Аманда Провс) Животот на Џесика тече подобро од сите нејзини очекувања и замисли. Таа си ја добива свадбата од соништата, го има совршениот маж, адвокатот Метју, и заедно купуваат прекрасна, скапа куќа во преубава населба. Најдоброто од сè е тоа што по само неколку месеци, чекаат дете. Додека ја уредуваат детската соба и купуваат бебешки работи, таа упорно ја чека радоста што треба да ја донесе мајчинството. Но искуството на Џесика е далеку од радосно и убаво. Зошто не ја трансформираат мајчински чувства? Каде е сè што треба да дојде – каде е таа инстантна љубов што треба да ја чувствува за нејзиното дете? Никој ја нема предупредено дека да бидеш мајка може да биде страшно и извор на нездрава осаменост. Никој ѝ нема кажано дека не сите жени ги сакаат своите бебиња. Можеби е најдобро Џесика сега засега да си ја чува оваа тајна за себе…

Поврзани статии

Back to top button