Никогаш не ги оставајте чевлите вака: Грешка што многумина ја прават, а таа носи сиромаштија и кавги во домот
Исто така, се верува дека чевлите треба да се исчистат прво веднаш штом ќе влезете во куќата.
Ако првото нешто што го гледате кога влегувате во нечија куќа е куп чевли на подот и ходник полн со јакни, според Фенг Шуи, вие привлекувате болести, лоши односи и тешкотии да ги постигнете вашите цели во вашиот дом.
Во традицијата на фенг шуи, се верува дека ако ги оставите чевлите надвор во ходникот, ја внесувате во вашиот дом надворешната енергија на улицата која лошо влијае на вас. Затоа е најдобро чевлите да ги чувате надвор од дома (стан) или скриени и уредно складирани во плакарот за чевли.
Исто така, се верува дека чевлите треба да се исчистат прво веднаш штом ќе влезете во куќата, а потоа да ги ставите во ормар за чевли што треба да биде пред куќата или во скриен агол од ходникот.
Секој неред во фенг шуи претставува енергетска блокада и магнет за лоша енергија. Затоа се препорачува чевлите и јакните да ги ставите подалеку во плакарите и на тој начин да создадете слободен проток на енергија низ вашиот дом.