ЖивотУбави совети

Зошто постојано имаме осцилации во тежината?

Зошто постојано имаме осцилации во тежината е прашање што го поставуваме секој пат кога вагата не го покажува саканиот број…

Иако веднаш би помислиле на парчето пица или торта за поголемиот број на вагата, всушност вистината сепак е малку поинаква. Имено, постојат дури седум едноставни причини зошто нашата тежина варира.

Експертите се согласуваат дека е сосема нормално нашата тежина да варира. Всушност, додека сме живи, нашите клетки, ткива и органи постојано се менуваат, што доведува до осцилации на телесната тежина.

Во просек, жената може да варира по 2 килограми дневно, и во повеќето случаи, задржувањето на водата е одговорно за тоа. Ова не значи дека сме здебелени, напротив.

Зошто постојано имаме осцилации во тежината?
Храна богата со вода

По јадење здрава храна богата со вода (овошје, зеленчук, супи и смути), нормално е дека ќе имаме неколку килограми повеќе. Но, кога телото ја обработува дополнителната вода, тежината ќе се врати во нормала.

Менструалниот циклус

Надуеноста е еден од симптомите на ПМС, како и самиот менструален циклус. Се јавува поради промени во нивото на прогестерон и други хормони. На пример, естрогенот ја задржува водата. Затоа во текот на менструалниот циклус и / или ПМС обично имаме неколку килограми повеќе.

Премногу вежбање

Понекогаш, промените во фитнес рутината и малку потежок тренинг може да предизвикаат поголем број на вага. Ова се случува поради оштетување на мускулите и самото воспаление. Кога вежбаме, мускулите доживуваат микро-повреди, што е всушност добро. Како што стануваат подобри, тие стануваат посилни. Сепак, не претерувајте со вежбите и дајте му време на телото да се опорави.

Дехидрација

Иронично, колку помалку вода пиеме, подебели ќе бидеме. Дехидратацијата предизвикува задржување на водата, што доведува до зголемување на телесната тежина.

Премногу алкохолни пијалоци

Алкохолот влијае на дехидрација на телото, и како што споменавме, дехидрирано тело се дебелее.

Повеќе јаглехидрати

Јаглехидратите влијаат на задржувањето на водата во телото, но само привремено.

Болести

Важно е да се напомене дека прекумерното зголемување или губење на тежината може да биде симптом на болест како што е дијабетес. Ако ви се случило да се здебелите или изгубите повеќе од 5 килограми за неколку недели, задолжително контактирајте го матичиот лекар!

 

Поврзани статии

Back to top button