ЖивотУбави совети

Сите они кои пушат цигари мора да консумираат повеќе риба и витамин Ц!

Консумирањето риба помага во поправање на некои последици што на телото ги остава пушењето, велат ирските лекари од болницата Бомонт во Даблин.

Истражувањето покажало дека аминокиселините од рибите го спречуваат стврднувањето на артериите и така го намалуваат бројот на смртни случаи предизвикани од болестите на срцето или од мозочните удари.

Пушењето е водечки фактор што го оневозможува нормалното растегнување на артериите и е најран знак за стеснување на артериите или за атеросклероза.

Користејки ултразвук, ирските лекари утврдиле дека артериите на пушачите немаат способност за нормално растегнување се додека испитаниците не консумирале одредено количество рибји аминокиселини. Слично, но поблаго дејство имал Витаминот Ц.

Лекарите предупредуваат дека сепак најдобар лек е пушачите да престанат да пушат.

Поврзани статии

Back to top button