Убави муабети

  • Додека лежевме заедно гушнати, јас не спиев, само гледав низ прозорот;  Силно посакав и го замолив Бог ова нашето да не заврши никогаш. Ни за миг  не ги одморив очите, се плашев дека ако ги затворам ти повторно ќе  заминиш како тогаш. Само лежев на твоите гради и ги гледав нашите  преплетени раце, сакав да го искористам секој миг, бидејќи знаев дека за  брзо ќе заврши овој сон, кој за моја среќа беше реалност. Не сакав ниту да  заминам, да те оставам после преубавата ноќ што ми ја подари.. Ама морав..  Пуста судбина.. Нема да го заборавам нашето збогување и последното  вкрстување на нашите погледи. Тогаш почувствував дека не сакаше да  заминам, сигурно и ти знаеше дека повеќе нема да е исто, знаеше дека ќе ти  недостигам..   Автор: Андријана Думевска Испратете и вие ваш текст на…

  • Ако имав магично стапче или дух од магична ламба или златна риба,  ќе имав само една желба… Малку себична, ама искрена.. Ќе посакав  само едно, ќе те посакав тебе.. Да си до мене секогаш, во дождливи  ноќи, во светли утра, кога сум тажна, кога сум среќна… Особено во  вакви ноќи кога се спрема олуја.. Па да се стуткам во тебе, оти ми е  ладно… Да спијам спокојно, па макар надвор и небото да се отвори…  Па на сред ноќ, да ме повлечиш накај себе, а јас се смеам подмустак,  оти ми е топло во срцето… И нозете испреплетени, оти моите се  секогаш ладни, а твоите топли… Па ти да сакаш да ме љубиш, а јас се  преправам дека неќам , дека ми се спие.. Па да ми се свртиш со грбот,  оти ми си скаран, а јас те гушкам со цело тело и со раце и со нозе, за  да ми се смириш.. А уствари ти само сакаш да ти дишам во вратот, си  знаеш дека лажам…. И пред изгрејсонце да ти шепнам, за да ми  олесни на душата, за да те потсетам, ќе ти шепнам ТЕ САКАМ…  Автор: Андријана Думевска Испратете и вие…

  • Ја сакам ноќта, бидејќи таа ме води до тебе… Го сакам  и снегот, бидејќи тој  ги крие трагите кои ги оставам, додека нестрпливо трчам во твојата  прегратка… Го сакам ветерот, бидејќи тој ми ги праќа твоите мириси, кога не  си до мене… Ја сакам пролетта, бидејќи во мене ги буди сите наши убави  спомени.. Го сакам дури и дождот, бидејќи тој ги мие нашите души од сите  наши сомнежи… Гледаш јас сакам се кога сум со тебе.. Јас сум подобра  личност заради тебе… Јас сум sвезда во ноќта, јас сум нежна снегулка, јас сум  лист на ветрот, јас сум птица во пролет, јас сум капката дожд која се стопила  на твоите усни… Јас сум слатка мелодија која те гали, една мала црвена ружа,  капката црвено вино, сјајот во твоите очи, скриеното катче во твоето срце.. А   ти!?  Автор: Андријана Думевска Испратете и вие ваш текст на…

  • Отворена покана

    Јас сум дожд, за твојта нежна душа, дојди искапи се, стопли го кршливото срце, кое лузни ти има, од канџите…

  • Ме разбуди, полека со нежен допир ме разбуди, ме разбуди допирајќи ги моите раменици. Беше веќе полноќ кога се обидував…

  • Таа ми беше се, не бев свесна за нејзината убавина и добрина. Таа ми даваше безрезервна љубов, која јас не…

  • Навидум мојот живот пред несреќата мислев дека е нормален, да не речам совршен. Имав сериозна врска која прерасна во брак.…

  • Да, убаво слушаш. Класичен идиот е твојот бивши дечко. Вистински неранимајко. Тој е дете заробено во тело на возрасен момак.…

  • Чист воздух е основа за здравјето и животот на луѓето и целиот еко систем. Воздухот е мешавина од гасови што…

  • Советите доаѓаат од жена која излегла од седум годишен брак. Вели дека и сопругата и сопругот треба да се вложуваат…

Back to top button