Од васУбави совети

Отворена покана

Јас сум дожд,
за твојта нежна душа,
дојди искапи се,
стопли го кршливото срце,
кое лузни ти има,
од канџите на болката.
Јас сум утринска ладовина,
која ти доаѓа во претопло лето,
со слаткиот опоен мирис од цвеќињата,
прегрнувајќи ти ја душата,
од пранги да ја ослободам.
Јас сум река од љубов,
за тебе,
распрскана вода на светлината,
од полната месечина,
нуркајќи во длабочините на спасението,
играјќи со бои кој срцата во припадност ни ги создаваат.
Сето измачување,
од постојаното потпевнување,
на песната во мислите,
се претвара во песна, од омилии
во преубава зора.

 

Автор: СДГ
Испратете и вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button