ЖивотУбави совети

Зошто е потребно лицето да го миете со кисела вода?

Дали некогаш сте почувствувале потреба да промените нешто во рутината за чистење на лицето? Дали сте уморни од обична вода, а потребни се премногу пари да се потрошат за термални води? Имаме одлично решение – миење на лицето со кисела вода! Зборуваме за флаширана, минерална вода што може да ја купите во секој супермаркет. Меурчињата делуваат како инстант освежување и имаат многу позитивни ефекти врз кожата на лицето. Поради оптималната концентрација на растворената минерална материја, таа ќе биде одличен сојузник во тонирање на кожата и одржување на нејзините блескави својства. Ефикасно ги отстранува мртвите клетки од кожата и на тој начин го спречува затнување на порите, а подоцна и на формирање и развој на воспалителните процеси во кожата. Како да се третира лицето со кисела вода? Бидејќи водата во шишето не тече од чешмата, миењето е потешко, но не е невозможно. Имаме неколку предлози, а вие одбирате најдобро за вашиот тип и непосредните потреби на кожата. Користете кисела вода наместо тоници. На памук натапкајте од флашата и чистете го лицето. Нежно притискајте ги деловите за кои е потребно дополнително освежување – Т зона, образи, нос и слично. Овој метод особено ќе им се допадне на оние кои имаат уморна и дехидрирана кожа на лицето. Применувајте ја оваа постапка два до три пати неделно наутро или навечер. Кисела вода како инстант освежување. Истурете ја киселата вода во шише со цевче за прскање и прскајте го лицето секогаш кога ќе почуствувате дека му треба освежување. Користете го колку што е потребно.
Класично миење. Истурете ја киселата вода во подлабока пластична чинија. И со помош на дланките мијте го лицето.

Важно е да се напомене дека луѓето со чувствителна кожа на лицето, која е склона кон сушење, лупење, пукање и слично овој ритуал не треба да се применува повеќе од еднаш или два пати неделно.

Поврзани статии

Back to top button